Готово е, Бејл го напушта Реал (М)!

97
BARCELONA, SPAIN - FEBRUARY 06: Gareth Bale of Real Madrid CF reacts on the pitch after missing a chance to score during the Copa del Semi Final first leg match between Barcelona and Real Madrid at Nou Camp on February 06, 2019 in Barcelona, Spain. (Photo by Alex Caparros/Getty Images)

После таа со Лионел Меси, фудбалскиот свет е на добар пат да стави крај и на повеќемесечната сапуница во која главната улога ја игра велшкиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), Герет Бејл.

Според „ЕСПН“, крилниот напаѓач во следните неколку дена и официјално ќе стави крај на својата авантура на „Сантијаго Бернабеу“. Ваквата информација ја потврди и „El Chiringuito“, но истиот медиум откри и дека најблиску до неговиот потпис се англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Иако „црвените ѓаволи“ имаат далеку поголема финансиска моќ, Бејл повеќе бил заинтересиран за евентуалниот кам-бек во редовите на Тотенхем и за опцијата да соработува со контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Велс во 2013 година ги напушти редовите на Тотенхем, а „кралскиот клуб“ за неговото обештетување одвои рекордни 101 мил. евра.

Од друга страна, Манчестер Јунајтед не успеа во намерата да ги осигура услугите на англискиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Џејдон Санчо и затоа своето внимание го насочи кон проблематичниот фудбалер на Реал (М).

Раководните лица на шпанскиот гигант не кријат дека сакаат барем нешто да заработат од продажбата на Бејл но целата ситуација е повеќе од сложена затоа што велшкиот интернационалец има годишна плата од 14.5 мил. евра, а таква плата моментално не може да си дозволи ниту Манчестер Јунајтед, ниту Тотенхем.