Гостивар доби специјално возило за заловување и транспорт на бездомни кучиња

53

Гостиварската локална самоуправа доби специјално возило кое ќе се употребува за заловување и транспорт на бездомни кучиња. Возилото е донација од проектот на УНДП во соработка со Центарот за развој на Полошкиот плански регион за долгорочно решавање на проблемот со кучиња бездомници.

Директорот на Центарот за развој на полошкиот плански регион, Фатмир Саити, информираше дека специјалното возило има капацитет за превезување на 10 кучиња скитници и дека возилото всушност е наменето за Полошкиот регион, но додека не се отвори Регионален центар за справување со кучињата скитници, возилото му се доделува на Гостивар како општина која до сега преводи во справувањето со овој проблем.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари потенцира дека справувањето со бездомните кучиња ќе биде поефикасно во иднина.