Гори округот Санта Барбара, пожарникарите немоќни

13

Повеќе десетици луѓе ги напуштиле своите домови поради пожарот кој се шири во близина на округот Санта Барбара, а бегале дури и жителите на кои не им е кажано да се евакуираат од страв клучниот автопат да не биде затворен.

Според агенцијата АП некои славни личности избегале од луксузната населба Монтенсито, околу 120 километри северозападно од Лос Анџелес, каде се наоѓаат куќите на Опра Винфри, Џеф бБиџис и Дру Баримор.

Официјалните лица потврдиле дека пожарот уништил 683 куќи, а американските власти издале предупредување за загадување на воздухот, со совет граѓаните да останат дома и да изгебнуваат активности на отворено.

Локалната телевизија соопштила дека штетата од Томас е околу 48 милиони долари.