Гори маркет кај бензиска пумпа во Гевгелија

104

Од регионалниот центар за управување со кризи од Струмица информираат дека попладнево во маркет кој се наоѓал во склоп на бензиска станица избувнал пожар од засега неутврдени причини.

Територијалната противпожарна единица од Гевгелија со 2 противпожарни возила и 7 пожарникари од 14:00 часот интервенира.

Станува збор за запален маркет во склоп на бензинската пумпа Окта.

Нема повредени лица од пожарот.

Екипа од ЕВН и МВР се на лице место.