Еден од најзначајните играчи на Хјустон, Ерик Гордон, потпиша нов четиригодишен договор во износ од 76 милиони долари. Првите три години се загарантирани, а четвртата е условена со тоа дали „ракетите“ во меѓувреме ќе станат шампиони или Гордон ќе биде избран на Ол-стар натпревар.

Овој 30-годишен стрелец беше еден од шесте играчи кои постигнаа повеќе од 200 тројки минатата сезона, а во просек за Хјустон за три сезони постигнуваше 16.8 поени.

Првите три сезони во НБА сезоната ги помина во редовите на ЛА Клиперс, следните пет во Њу Орлеанс, а последните три во Хјустон. Во својата прва сезона кај „ракетите“, тој беше избран за шести најдобар играч во лигата, но во последните две се почесто беше стартер.