Малку ММА, малку повеќе борење, малку помалку облека, колку помалку толку подобро за гледачите и „само“ без допирање, односно штипкање – за брадавиците и задниците. Сето ова можете да го видите викендов на настанот „Booty Camp 4“, во Лас Вегас, организиран првенството за борби во долна облека (ЛФЦ). Борбата ќе се одвива во кафез, но тука ќе има и плескање задници во танга, штипкање за брадавици…

Разголени девојки, главно во бикини, иако има и во корсети, влегуваат во рингот за да ги победат своите ривалки. Единствената заштита што ја имаат е градниците, за секој случај.

„Booty camp 4“ ќе има седум борби, вклучувајќи ја и борбата на вечерта во која силите и вештините ќе ги одмерат најдобрата од претходното издание Американката Џени Валентајн и нејзината сонародничка, актуелната шампионка Џолин Хекс. Џолин е и европска шампионка на ЛФЦ. Покрај нив, на публиката, претежно машка, ќе ѝ се претстават Вајт Рокфел (Јужна Африка), Лорен Фогл (САД), миленичката на фановите Бела Инк (САД), Бела Медисин (САД), Томико Таџима (Јапонија), Анџелика Ко (Италија).

И сето тоа ќе биде увертира за спектаклот „Women on Fire Mega Wrestling Event“, кој ќе се одржи на 10 јуни во Чикаго.