Голем пожар на железничката станица во Загреб

20

Пожар избувна на главната железничка станица во Загреб по што се запалија неколку вагони, јавуваат хрватските медиуми.

Пожарот избувнал во еден од вагоните околу 9 часот, но набрзо се проширил и на други.

Пожарот го гаснат со три возила и 12 пожарникари.