Голем интерес за Кимих

71

Каталонскиот гигант Барселона доби сериозна конкуренција во актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на Баерн (М), Џошуа Кимих. Раководните лица на Манчестер Сити се убедени дека Кимих може да биде идеален наследник на неговиот сонародник Илкај Гундоган и затоа се подготвени да понудат околу 70 мил. евра за неговото обештетување.