Големото хумано срце на српскиот пејач Саша Ковачевиќ – им помага на децата од Македонија!

115

Ова е веројатно прв случај кога музичар од поранешна Југославија прави хуманитарен концерт кај нас. Средствата кои ќе се соберат од концертот се наменети за децата од Македонија, поточно за Мартин Стојаноски и Дејан Најдоски.
Мартин е од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка сообраќајна несреќа се здоби со тешки телесни повреди, поради кои сега се наоѓа во инвалидска количка. Средствата се потребни за лекување во Москва, Русија. Дејан е мало момче од Прилеп и има аутизам. За подобрување на неговата состојба треба да замине на лекување со матични клетки на клиника во Турција. Но, пари нема, сега за сега.
И за двете момчиња веќе извесен период се споделуваат апелите за помош на социјалните мрежи и на официјалната страница за донации.
Хуманитарниот концерт на Ковачевиќ ќе се одржи на 30. ноември во спортската сала „Сонце – ГА” во Прилеп, со почеток од 21 часот, а влезниците ќе се продаваат по симболична цена од 200 денари. Саша го најави настанот и на својата официјална страница.