Големите промени почнуваат вечерва-каков ефект треба секој да очекува од полната месечина

190
Фото: Twitter

Ако имате забележано дека сте премногу заробени во сопствените мисли, би било добро да запрете и да го освестите овој процес, бидејќи може да ви го одвлече вниманието, така што нема да ја искусите новата енергија што доаѓа, а која е доволно силна за да ви даде сила за огромни промени.

Ова е вистинска можност да ги почувствувате огромните промени што доаѓаат, бидејќи веќе ништо нема да биде исто. Овој нов циклус сугерира дека имате огромна сила во себе за да решите дури и проблеми што досега беа нерешливи за вас.

Тоа ќе биде одлична можност за многумина да се придвижат од зоната на удобност и да ги почувствуваат многуте придобивки што им ги дава животот. Оваа вечер ќе им донесе свежа енергија и сила на оние кои се свесни и кои не сакаат да дозволат хаос на ниво на светот и општеството да ги вовлече во неговиот вртлог.

Ако почувствувате негативна енергија по оваа вечер, немојте да и се предавате, разберете дека тоа е последица на сеопштото поместување и промена, што нема никаква врска со вас и вашиот личен развој.

Многумина ќе чувствуваат голема тага и ако е така, дозволете си да плачете, солзите се во ред и најдобриот начин да се ослободите од оваа негативна енергија. Ако чувствувате лутина, излезете надвор, одете на долга и енергична прошетка или на тренинг.

Меѓутоа, ако сте уморни, дозволете си да се одморите, да пронајдете активност во која уживате или дајте си два дена одмор за целосно да се опуштите и да се регенерирате без телефон, обврски или какво било брзање. Ставете се на прво место, сè друго може да почека во овој случај.