Понудата што се појави на популарната страница „Airbnb“, која посредува во наоѓање хотелско сместување, ги изненади љубителите на невообичаените сместувачки капацитети. Хотелот „Голем компир“ обезбедува луксузно сместување за две лица.
View this post on Instagram
Овој „компир“ од железна конструкција, направен од фиберглас, долг 8,5 метри и широк 3,5 метри, е направен во 2012 година со цел да се промовира оваа земјоделска култура.
Додека патувала низ Америка со години, младата претприемачка, Кристи Волф, решила фа го купи „компирот“.
View this post on Instagram
„Секогаш го имав во план. Имав совршен плац и еден ден сакав да го купам тој компир и да го претворам во нешто кул“, изјави Кристи за американските медиуми.
Две години потрошила на негово уредување и нејзиниот хотел „Големиот компир“ во Ајдахо, беше отворен на Денот на планетата Земја.