Голема радост во семејството на популарната Јулија – после осмата хемотерапија, ќерката Андријана застана на нозе

1038

И ова утро, сонце мајкино, почнува со помислата на тебе. Ќе го славиме твојот ден, твојот роденден, кој ти е дар од Бога. Денот кој ме потсеќа на мојот најголем подарок од Бога, кога првпат го слушнав твојот плач, порачува Јулија

Кога пред неколку месеци нашата популарна пејачка, тв-новинарка и водителка Јулија (Мациевска) проговори јавно за болеста на својата ќерка Андријана(нашата ликовна уметница), сите не можеа да поверуваат во тоа што на оваа секогаш прекрасна жена со добра душа и прекрасна насмевка и се случува во приватниот живот.

А, Јулија токму тогаш на роденденот на Андријана прати толку силна порака преку која ги искажа сите свои мајчински емоции и стравови со што многу луѓе ги расплака:

-И ова утро, сонце мајкино, почнува со помислата на тебе. Ќе го славиме твојот ден, твојот роденден, кој ти е дар од Бога. Денот кој ме потсеќа на мојот најголем подарок од Бога, кога првпат го слушнав твојот плач, кога првпат те здогледав и се одушевив од моето бебе…..

И еве сега после долго време, тоа нејзиното некогашно бебе, нејзината Адријана, пак застанува на нозе. Таа го победи ракот! – Денес е ден за славење, радосно порачува Јулија. Осма и последна хемо терапија за Андријана. Поминавме одлично, сите со прекрасна енергија, што целиот процес се одвиваше успешно. Со нас е професионалната екипа, сестрите Тијана и Жане, братот Мики и секако д-р Нино Васев, со максимална посветеност направија да ни помине времето брзо и лесно.

Тука е и нашата Пепи, најдобрата другарка на Андријана и мојата втора ќерка која не опсипа со најизната љубов и ни донесе подароци, прекрасни напишани пораки како што самата таа знае и умее, зошто има срце како планина. Благодариме од се срце, прекрасни луѓе.
Јулија потенцира дека имала многу помош и од многубројни добри хумани луѓе (познати и непознати) кои колку што можеле толку им помогнале, бидејќи и убав збор е помош, затоа јавно им се заблагодарува:

– Бидете благословени од Бога со убавини за вашата благодарна мисија. Благодарам Господи за милоста твоја вечна и непресушена. Слава и фала ти Боже мој! Но и ќерката Андријана ни ја пренесува својата радост: -Од инвалидска количка кога влегов на Онко, денес излегов на нозе. Господ е голем. Цело ова време бев во Божјите раце, среќна и балагодарна, на сите вас добри души кои ја покажавте вашата голема човечност…. (Д.М.) фото:ФБ