Голема подводна опсерваторија исчезна без трага, останал само кабел

59

Подводната станица и опсерваторија за следење и собирање податоци на дното на Балтичко море исчезна мистериозно.

На дното на морето е поставена во 2016 година, а со неа управува Центарот за истражување на океанот „Геомар Хелмхолк“, во Кил. Меѓутоа, пред повеќе од две недели сигналот од 300 000 вредната опсерваторија одеднаш престанал да пристигнува.

„Прво мислевме дека е грешка“, изјавил Херман Банге, координатор на проектот „Опсерваторија Бокнис Ек“.

По неколку дена биле испратени нуркачи на местото каде што била поставена станицата, ама од целата опсерваторија пронашле само скинат трансмисиски кабел.
Опсерваторијата се наоѓала во дел од морето кај брегот на северна Германија, каде што е забранет пристапот. Со бродови, вклучитено и оние рибарските, не е дозволено да се плови таму.

Иако не е утврдено што се случило, научниците сметаат дека најверојатно некој ја украл станицата. Останати можности, како голема бура заедно со силна морска струја или морски животни се исклучени поради самата тежина на станицата.

Кој, како и зошто ја отстранил станицата е целосна мистерија, а германската полиција започна истрага.

„Опсерваторијата Бокнис Ек“ се наоѓаше северно од Кил и малку појужно од данската граница. Била 1,8 километри оддалечена од брегот на 22 метри длабочина, пренесува Би-Би-Си.

Станицата собирала податоци за температурата, хранливоста, салинитетот, брзината и правецот на движење на водата, како и за концентрацијата на хлорофил и метан. Со помош на тие податоци било оценувано здрвјето на екосистемот на јужниот Балтик.