Годишен раст од 1,7 oтсто на вкупните депозити и од 9,7 отсто на вкупната кредитна поддршка

27

Вкупните депозити во август бележат месечен раст од 1,2 проценти како резултат на растот на депозитите и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, а на годишна основа има зголемување за 1,7 проценти, покажуваат податоците од Народна банка.

Вкупните кредити, пак, на месечна основа се пониски за 0,3 проценти што се должи на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, во услови на раст на кредитите кај домаќинствата. На годишна основа има раст од 9,7 проценти поради повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.