Годинава повеќе од 1.000 лица го изгубиле работното место

43

Нови 92 работника  само во февруари останале без работа како директна последица на кризата предизвикана од пандемијата. Според најновата евиденција на Агенцијата за вработување со тоа бројот на пријавените лица  кои го изгубиле работното место во периодот од 11 март лани до крајот на февруари годинава се искачи на 18.266. Споредено со крајот на минатата година, само во првите два месеца од годинава бројот на лицата кои останале без работа поради кризата е зголемен за 1.060.

Вкупниот број на невработени кои активно бараат работа во февруари годинава изнесува159.608, а на списокот на невработени се уште 90.700 лица кои се пасивни баратели на работа.

Споредено со февруари лани сега има околу 54 илјади повеќе активни баратели на работа. Бројот на пасивните баратели на работа во истиот период е зголемен за околу 4.600. (С.В.)