Гловер: Изборна рамка постои, набљудуваме како ќе се спроведува

26

Тимот на ОБСЕ/ОДИХР го сочинуваат имаат 16 луѓе кои ќе останат во главниот град, а ќе имаат и набљудувачи кои ќе дојдат пред изборите.

Постои сеопфатна законска рамка, но се разбира дека зависи и од луѓето кои учествуваат во изборите, властите, општините, Државната изборна комисија, како таа рамка тие ќе ја спроведуваат. И тоа е она што ние ќе го набљудуваме, вели шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Одри Гловер, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– ОДИХР имаше свои забелешки во минатото кои се поврзани со целата изборна процедура, тоа е она што го покриваме и секако сега ќе видиме до кој степен тие забелешки се имплементирани во согласност со Копенхагенските критериуми на ОБСЕ. Тоа е она што ќе го следиме – додава Гловер.

Таа вели дека избирачкиот список е бидејќи ОБСЕ/ОДИХР веруваат во еднаквото и универзално право на глас и тоа е нешто што внимателно го набљудуваат.

– Избирачкиот список сè уште не е финализиран и, како што кажав, и тоа ќе го набљудуваме бидејќи за избирачкиот список имавме забелешки во минатото. Затоа многу внимателно ќе следиме сè што е поврзано со ова прашање – вели Гловер.

Шефицата на мисијата на ОБСЕ во земјава вели дека ќе ги имаат предвид и искуствата според кои во изборите се врши притисок врз администрацијата.

– Да, имаше забелешки и за ова во минатото. Ние ќе следиме како тие се спроведуваат. Прашање на политичка волја е дали ќе се спроведат законите, а во меѓувреме имаше и некакви промени, па да видиме што ќе се случи -вели Гловер.

Таа информира дека во тимот на ОБСЕ/ОДИХР имаат 16 луѓе кои ќе останат во главниот град, а ќе имаат и набљудувачи кои ќе дојдат пред изборите.