Гледачите бесни поради новиот филм за Мерилин Монро: „Навистина сурово, ми се гади“

395

Новиот филм за легендарната актерка Мерилин Монро, Blonde, кој беше објавен на Нетфликс пред неколку дена, не ја воодушеви публиката.

Имено, филмот не ја прикажува вистинската Мерилин и не се работи за нејзината вистинска биографија, туку за измислен роман на писателката Џојс Керол Оутс.
Во филмот има неколку навистина одвратни сцени со силување, многу гледачи тврдат дека мислат дека режисерот всушност сакал да сними порнографско дело со покојната актерка, а филмот е забранет за оние помлади од 17 години.

Иако сите го фалат изгледот и глумата на актерката Ана де Армас, мнозинството обожаватели на Мерилин Монро го нападнаа режисерот Ендрју Доминик кој јавно призна дека единствениот добар филм на покојната актерка е Some Like It Hot и дека во филмот How to Marry millionaire сите жени се добро облечени ку.ви.

„Гледав 20 минути од овој филм и веднаш морав да ги проверам социјалните мрежи за да видам дали нешто пропуштив и дали другите луѓе се згрозени“, напишала една гледачка.

„Се обидов да го гледам Blonde но не издржав повеќе од 20 минути, беше навистина сурово и ми го скрши срцето“, гласи друг коментар.

„Ана де Армас е одлична, но мажите се толку сурови“, напиша трета.

Режисерот на филмот, Ендрју Доминик, не одговори на реакциите на Твитер, но зборуваше за контроверзната природа на филмот претходно во интервју за Screen Daily.

„Тоа е филм кој бара многу. Ако тоа не и се допаѓа на публиката, тоа е нивни проблем. Тоа е NC-17 филм за Мерилин Монро, тоа е тоа што го барате, зарем не“, вели Доминик.