Саудискиот план вклучува голема мрежа на јавен сообраќај и футуристички простор кој треба да ја покаже визијата на земја предводничка во одржливата иднина за градовите и нивните заедници.
Саудиска Арабија имаше сеопфатна маркетиншка кампања, со поставувањето на „Ријад 2030“ во билизина на Алфеловата кула и со реклами низ Париз.
Кандидатурата на Саудиска Арабија, која настојува да ја диверзифицира сво јата економија и да ја поттикне својата меѓународна положба, доби поддршка од франциускиот претседател Емануел Макрон, како што соопшто Елисејската палата во јули.
Некои активисти ја осудија кандидатурата на Ријад со критика за кршењето на човековите права во земјата, вклучително со убиството на новинарот дисидент Џамал Кашоги во 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.
Светската изложба има историја на собирање на земјите да прикажат технолошки иновации и културни достигнувања. Од почетната изложба во 1851 година, изложбите беа платформи за претставување на револуционери пронајдоци како што се сијалицата, панорамата и самата Ајфелова кула, која е изградена за Изложбата во 1889 година.