Главниот американски генерал предупредува: Руска инвазија на Украина ќе донесе многу жртви

847

Американскиот генерал Марк Мили на прес-конференцијата во Пентагон предупреди евентуална инвазија на Русија врз Украина ќе биде потрес од огромни размери.

Мили истакна дека големиот број руски војници на границата со Украина значи дека нападот би имал сериозни последици и многу човечки жртви.

Стационирањето на 100.000 руски војници во близина на украинската граница, според американскиот генерал е најголемо уште од времето на „Студената војна“, пренесува Би-би-си.

„Ако тргне инвазија на Украина, тоа би бил значаен потег и ќе има голем број жртви. Судирите во густите урбани подрачја би биле нешто ужасно, ќе биде страшно“ – велчи генералот Марк Мили.