Германските тајни служби бараат ИТ-работници

65

Германските тајни служби во јавниот превоз и во фитнес-клубовите објавуваат огласи во кои бараат ИТ-работници, научници и други соработници, пишува „Дојче веле“.

Германските тајни служби за странство имаат повеќе од 30 празни работни места, од кои околу половина се за компјутерски специјалисти. А сојузната полиција оваа година би требало да вработи 2.150 луѓе. За да се најдат доволно луѓе за пополнување на сите позиции, критериумите се намалени, наведува „Дојче веле“.

Дозволени се повеќе правописни грешки од порано, а при тестирањето на физичката подготвеност се исфрлени скоковите во далечина и склековите, а е воведено трчање со штафета.