Германските пратеници избраа нов претседател на Бундестагот

21

Политичарката од редовите на социјалдемократите (СПД) Бербел Бас е избрана за нова претседателка на германскиот парламент, Бундестагот, јави ДПА.

Бас доби широко мнозинство на денешната конститутивна седница на парламентот, а за неа гласаа 576 од вкупно 724 пратеници.

Претседателот на Бундестагот е една од највисоко рангираните функции во државата.

Функцијата вообичаено ја добива најголемата пратеничка група во Бундестагот, која по изборите во септември сега и припаѓа на СПД. Бас е трета жена што ја извршува функцијата.