Германското регулаторно тело за радиодифузија го забрани емитувањето на германската верзија на рускиот медиум „Раша тудеј“ на територијата на Германија, соопштено е денеска.
Во Германија нема дозвола за емитување на оваа програма, ниту пак некогаш е поднесено барање за емитување“, се вели во соопштението на телото за контрола и издавање дозволи за јавно емитување на радио и ТВ програми во Германија.
Програмата на германски јазик е отстранета од Јутјуб каналот
РТ во Германија досега се емитуваше повеќе канали, вклучувајќи интернет и сателити. РТ се повика на лиценцата за емитување во Европа издадена на оваа програма од властите во Србија. Германското регулаторно тело дошло до заклучок дека РТ нема дозвола која би го оправдала емитувањето во Европската унија. Во меѓувреме, програмата RT на германски јазик е отстранета од каналот YouTube, како и од сателитската програма Eutelsat.
„Тие не се ниту објективни, ниту непристрасни“
Некои од условите за издавање дозвола за радиодифузија во Германија се непристрасност и дистанцираност од државни институции или политички партии. Сепак, набљудувачите сметаат дека РТ е под директно влијание на рускиот државен врв, кој го користи овој канал за пропагандни цели.
Во минатото, РТ ширеше непроверени приказни, како оние за нападите на мигрантите врз германското население, со цел да ја таргетира поранешната канцеларка Ангела Меркел, која се залагаше за либерална политика кон бегалците.