Германија со свечена церемонија ја испраќа Меркел во пензија, по 16 годишно владеење

22

Германија вечерва ќе одржи свечена церемонија по повод заминувањето на канцеларката Ангела Меркел во пензија, со што ќе се означи крајот на нејзиното шеснаесетгодишното владеење. Таа официјално ќе му ја предаде функцијата на Олаф Шолц следната недела.

Војници со факели, прецизно дизајнирана кореографија и три песни избрани од канцеларката, која 16 години го диктира курсот на европската политика, ќе ја испратат во заслужена пензија.

Церемонијата ќе биде поскромна од претходните, на кои беа испратени канцеларите Герхард Шредер и Хелмут Кол, бидејќи пандемијата на коронавирус во Германија е во полн ек.

Во директен пренос на германската телевизија од 19.20 часот, церемонијата во дворот пред Министерството за одбрана во Берлин ќе започне со краток говор на канцеларката и ќе заврши по нешто повеќе од еден час, без прием.

Обичајот на церемонијата датира од 16 век, но највисоката чест со германската војска им била доделена само на одредени канцелари.

Додека на збогувањето на Шредер присуствуваа 600 гости, Меркел покани само околу 200, вклучително и 52 министри кои служеа во нејзиниот мандат. Урсула фон дер Лајен, актуелната претседателка на Европската комисија и поранешна министерка за семејство и одбрана за време на Меркел, најверојатно нема да присуствува поради средбата со шефовите на јужноамериканските земји закажана за истиот ден.

На нејзината проштална забава ќе свири оркестарот на Бундесверот, кој ги изведува нејзините омилени песни. Една од желбите на канцеларката во заминување е песната „Заборавивте филм во боја“, која во 1973 година ја отпеа Нина Хаген, позната како „мајката на панкот“. Втората песна по избор  е „Би требало да паднат црвени рози“ во изведба на иконата на германската музичка сцена Хилдегард Кнеф. Третата музичка желба на Ангела Меркел е „Свети Боже, го славиме твоето име“, екуменистичка христијанска песна од 18 век.

Изборот на канцеларката ги воодушеви граѓаните со оглед на тоа што нејзините претходници избраа повеќе класични песни. Герхард Шредер сакаше да ја слушне „Мојот пат“ на Френк Синатра, додека пред него Хелмут Кол ја напушти функцијата во ритамот на Бетовеновата „Ода на радоста“.