Германија очекува нов бран украински бегалци

99

Германскиот амбасадор во В.Британија, Мигуел Бергер, за Sky News изјавил дека очекуваат нов бран украински бегалци во наредните неколку недели, што ќе коинцидира со ниските температури.

„Путин продолжува да го тероризира цивилното население. Многу сме загрижени поради тоа бидејќи со тие напади на енергетската инфраструктура значи дека многу луѓе кои се смрзнуваат на ниските температури би можеле да бидат присилени да ја напуштат Украина“ – изјави Бергер додавајчи дека поради тоа очекува „нов бран бегалци“.

Од почетокот на војната во Украин, неколку стотици илјади украински бегалци побегнаа во Германија.