Германија одлучи да го легализира канабисот и да овозможи бесплатна контрацепција

93

Новата коалиција во Германија договори неколку работи кои досега не и беа познати на јавноста. Покрај легализацијата на канабисот, договорена е и бесплатна контрацепција.

Според весникот „Билд“, коалицијата на СПД, Зелените, ФДП има намера да го легализира пушењето „трева“.

Весникот наведува дека на страница 87 од коалицискиот договор се наведува дека идната влада ќе воведе контролирана продажба на канабис на возрасни во лиценцирани продавници.

Исто така, се наведува дека по четири години ќе се анализираат последиците од легализацијата на канабисот за општеството.

За другата намера засега не се слушна ништо, а тоа е дека „семафорската коалиција“ бара здравственото осигурување да ги преземе трошоците за средствата за контрацепција.

Тоа би значело бесплатни анти бејби аплчиња и кондоми за германските граѓани.

Во коалицискиот договор стои дека здравственото осигурување треба да може да вклучи контрацептивни средства во законски пропишаните услуги, а за лицата со ниски примања, чиј износ не е дефиниран, да се надоместат трошоците за контрацепција.