Германија бележи највисока инфлација по речиси три децении

36

Германија бележи рекордно висока инфлација која го надмина прагот од 5 отсто. Тоа е највисока инфлација по речиси три децении. Цените во Германија овој ноември се зголемени за 5,2 отсто во однос на истиот период лани. 

Еврозоната сега е во најбрзoрастечката инфлација од воспоставувањето на единствената валута кон крајот на 20 век.

Потрошувачките цени во регионот од 19 земји се зголемија за 4,5 отсто во ноември, според просекот од 40 проценки во истражувањето на „Bloomberg“. Тоа  е најбрзо од финансиската криза во 2008 година.