Швајцарецот Роже Федерер се пласираше во следното коло на мастерс турнирот во Рим, откако славеше во дуелот против Соуса со 6:4, 6:3. Следен противник на најтрофејниот тенисер во моментот ќе му биде Хрватот Борна Чориќ.

Пласман во третото коло обезбеди и Шпанецот Рафаел Надал со триумфот над Французинот Шарди со убедливи 6:0, 6:1. Во четвртата рунда тој ќе ги одмери силите против Басилашвили.

Сосема неочекувано, настапот во италијанската престолнина предвреме го заврши Доминик Тим, кој загуби од Фернандо Вердаско со 6:4, 4:6, 5:7.

Покрај Тим, елиминиран во второто коло беше и Марин Чилиќ, кој неочекувано убедливо беше декласиран од Германецот Штруф со 2:6, 2:6.