Герасимовски: Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да ја развиваме општината

92

Центар останува во вистински раце, победуваме убедливо со речиси 2000 гласа разлика. Сакам да им заблагодарам на сите граѓани кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отворена општина, истакна кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски.

Преку својот фејсбук профил, Герасимовски изрази благодарност до сите граѓани за поддршката и посочи дека веќе од утре започнуваат со работа.

– Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и да го подигнуваме квалитетот на животот за центарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и на сите кандидати кои беа дел од изборите во Општина Центар и за демократскиот изборен ден, напиша Герасимовски.

Битката за прв човек во Центар Герасимовски ја водеше со Наташа Котлар поддржана од ВМРО-ДПМНЕ