Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез од трибините го следеше синоќешниот натпревар помеѓу Португалија и Швајцарија.
Георгина се појави во елегантно издание без навивачки обележја.
Облече тесен црн фустан кој го истакна нејзиното деколте, но рамениците ги прекри со зелено маслинесто кимоно. Таа носеше и масивно ланче на вратот и многу накит, а комбинацијата ја зачини со скапоцена чанта Шанел.
Таа беше придружувана од асистенти кои ја фотографираа за социјалните мрежи додека таа подготвено позираше.
Еден од асистентите имаше и мини рефлектор за да добие идеално осветлување за фотографии.
Португалија ја исфрли Швајцарија од Мундијалот со резултат 6:1