Сребреното момче од Олимпијадата во Токио, Дејан Георгиевски, дојде до бронзата на Медитеранските игри во Оран во таеквондо, откако беше спречен да дојде до златото што и беше целта на сите во нашиот табор.

Поради дехидрација и стомачен вирус неговиот тим одлучи Дејан да го прекине натпреварувањето и да се задоволи само со бронза.

И покрај се, Дејан е еден од главните кандидати на Македонија кога е во прашање златниот медал на Олимписките игри во Париз.