Генерално чистење на општина Гази Баба

51

Со 30 работници на терен, две автоцистерни, три специјални комунални возила – патарки и две електрични метларки, јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска генерално ја чистеше општината Гази Баба. Во рамките на акцијата се спроведуваше рачно и машинско миење и метење на булеварите и улиците, како и отстранување на дивите депонии.

Градоначалникот на Општината Гази Баба, Борче Георгиевски и помошник -директорот на „Комунална хигиена“, Етула Амети, учествуваа на еко-предавањето во ООУ „Стив Наумов“, каде што учениците беа информирани за штетноста на дивите депонии што се создаваат како резултат на несовесното постапување со отпадот и директно ја загадуваат нашата животна околина.

Во рамките на есенската акција во општината Гази Баба, ЈП „Комунална хигиена“ организираше и чистење на дворовите на градинките, основните и средните училишта во оваа скопска општина.