Генералниот секретар на ОН ги покани земјите со право на вето на средба за кризата во Авганистан

39

Со оглед на хаотичната и напната безбедносна состојба во Авганистан, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги покани земјите со право на вето и членки на Советот за безбедност на Обединетите нации на состанок посветен на кризата.

Според дипломатски извори, амбасадорите на САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција во понеделник треба да се сретнат со шефот на ОН во Њујорк за да разменат мислења за ситуацијата.

Не се објавени повеќе детали за целите на планираната средба. Портпаролот на Обединетите нации не сакал официјално да ја потврди информацијата, јави ДПА.