Генералната конзулка на Кина во Њујорк е протеранa од Соединетите Американски Држави, изјави денеска гувернерката на Њујорк, Кети Хокул.
Нејзината поранешна соработничка Линда Сан во вторникот беше обвинета дека се однесувала како агент на кинеската влада.
Кети Хокул рече дека на американскиот Стејт департмент му изразила желба кинеската генерална конзулка да биде протерана и тоа се случило.
Покрај Линда Сан, нејзиниот сопруг Крис Ху, исто така, беше обвинет за перење пари и банкарска измама, според телевизијата Си-Ен-Ен.
Кети Хокул изјави дека со месеци му помага на Министерството за правда и ќе продолжи со таа соработка.