Гендузи е опција за размена

65

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал сака по секоја цена за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со францускиот интернационалец Матео Гендузи. Освен поради просечните игри во актуелната сезона, младиот играч за врска постојано е критикуван поради своето арогантно однесување. Британските медиуми открија дека ПСЖ и Јувентус се заинтересирани за неговите услуги, а челниците на Арсенал сакаат Гендузи да го искористат за размена со некој друг поквалитетен фудбалер.