Гевгелија ќе биде домаќин на овогодинешното издание на Купот на Македонија

49

Денеска и официјално беше ставен потпис на договорот за соработка помеѓу Македонската кошаркарска федерација и клубовите Блокотехна и Кожув кои ќе бидат коорганизатори на натпреварите од Купот на Македонија со поддршка од Општината Гевгелија.

Системот за натпреварување во двете конкуренции (машка и женска, сениорска) ќе биде идентичен како и минатиот Куп односно во четврфинале, мажи првите осум пласирани екипи во ПЛМ по првиот дел од натпреварувањето (11. коло) ќе разигруваат меѓу себе по систем првопласирана екипа против последно пласирана екипа (1-8, 2-7, 3-6, 4-5) во рамки на четвртфиналните дуели. Во полуфиналните дуели ќе вкрстат двојките 1-4 и 2-3. Во женска конкуренција првите четири пласирани екипи по десеттото коло од натпреварувањето во ПЛЖ.

Во текот на наредните десет дена организаторите ќе објават одлука за присуство на навивачки групи како и за цената на билетите.

Првите натпревари кои се во рамки на четвртфиналето ќе се играат на 15 февруари. Работнички и Куманово од 13 часот ќе ја отворат програмата, па по нив следи дуелот помешу Блокотехна и АВ Охрид (15,30 часот). Гостивар и Фени Индустри ќе ги измерат силите од 18 часот, а денот ќе го затвораат МЗТ Скопје и Кожув со меч во 20,30 часот.

Финалето оваа година ќе се игра на 17 февруари, а ден претходно се полуфналните средби.