Директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус денеска изјави дека епидемијата на коронавирусот во Кина претставува сериозна закана за светот.

– Коронавирусот, со 99 проценти случаи во Кина претставува вонредна состојба за таа земја, но и сериозна закана за светот, посочи Гебрејесус на почетокот на дводневниот светски форум на СЗО во Женева, на кој ќе се разговара за мерките во борба против коронавирусот.

Тој упати апел до сите земји да ги поделат сознанијата за вирусот, како и да ги забрзаат истражувањата за лековите и вакцината против коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 1.000 луѓе.