Гвинет Палтроу проговори за најголемиот животен предизвик, а не е филмска улога:„Да се биде помајка е како да избегнуваш нагазни мини“

73

Холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу смета дека улогата на помајка е најголемиот предизвик со кој се соочила.

Сепак, ова не е филм, туку реален живот.

Имено, нејзиниот сопруг има ќерка и син од претходните врски.

И двајцата денес се возрасни, а Палтроу признава дека не било лесно да се носи со оваа улога.

Таа го откри ова додека одговараше на прашања на фановите на Инстаграм.

„Нема книга за ова. Никој не ни кажува што да правиме. А всушност сите постоечки медиуми пишуваат за тоа на погрешен начин. Како секоја маќеа да е зла, ни ја греат таа светлина. Се обидувам да ги избегнам тие нагазни мини“, објасни Палтроу.

„Откако ја прифатија идејата да гледам на нив како на свои деца и да ги сакам исто така, целата работа стана полесна“, се сеќава актерката.