Гвардиола: Реал ме направи добар тренер

41

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не штедеше убави зборови за Реал Мадрид и тренерот на тимот, Зинедин Зидан. Стручњакот зборуваше пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу „граѓаните“ и „белиот балет“.

Реал Мадрид е многу силен тим од сите погледи. Тие ми помогнаа да се подобрам. Отсекогаш биле силни – со Жозе Мурињо и Мануел Пелегрини и со сите други тренери. Тие освоија три последователни титули во Лигата на шампионите и двапати станаа шампиони во Ла Лига, кога Барселона доминираше во Шпанија десет години. Мило ми е што сè им оди добро. Одлично е што Зидан добро напредува. На фудбалот им требаат такви луѓе. Му се восхитував кога беше играч, му се восхитувам и сега кога стана тренер. Зидан беше фантастичен играч. Јас би сакал да играм со него во тим, рече Гвардиола.

Двете екипи ќе се соочат на 7 август. Во првиот натпревар, Сити победи со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“.

Извор:МИА