Гвардиола откри против кој клуб не сака да игра во ЛШ

276
epa10118962 Manchester City manager Pep Guardiola (R) hugs his player Erling Haaland (L) after substitution during the English Premier League soccer match between Manchester City and AFC Bournemouth in Manchester, Britain, 13 August 2022. EPA-EFE/PETER POWELL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не се појавува често во телевизиските емисии за да даде интервју и да зборува за својот живот и кариера, но пред неколку дена реши да направи исклучок откако отпатува во Италија на неколкудневен одмор.

Гостувањето во емисијата „Че Темпо Че Фа“ предизвика огромен интерес кај фудбалската јавност бидејќи Гвардиола зборуваше и за актуелни теми, а секако многумина најмногу ги интересираше дали ќе остане во Манчестер Сити.

Тој негираше дека донел одлука за својата иднина и рече дека допрва ќе размислува дали ќе го продолжи договорот со англискиот клуб или следното лето ќе ги спакува куферите и ќе го напушти „Итихат““.

Меѓу другото, шпанскиот стручњак одговараше на интересни прашања кои му ги постави водителот, а кои веќе подолго време ја интересираат фудбалската јавност.

Пеп рече дека за него Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња и не му било проблем да објасни зошто мисли така иако знае дека многумина ги избираат Диего Марадона и Пеле пред Меси.

Дополнително, водителот на емисијата „Че Темпо Че Фа“ го праша Гвардиола кој тим би сакал да го избегне оваа сезона во Лигата на шампионите, алудирајќи дека во нокаут фазата од претходните три сезони овој клуб играше против Реал (М).

На Гвардиола не му требаше многу време да одговори на ова прашање, но не го спомна Реал (М) бидејќи знае кој клуб ќе му биде најтежок противник.

„Добро прашање. Па, веројатно Барселона. Љубовта што ја имам кон тој клуб би ме уништила доколку играме протв нив. Роден сум во мало гратче во близина на Барселона и никогаш не ми било лесно да играм против тој клуб бидејќи сите знаат што чувствувам за нив“, беше искрен Гвардиола.