Дома МАКЕДОНИЈА Гајсер: Мислев дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие, но...

Гајсер: Мислев дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие, но сите си признаа

102

Во разговор за радиоемисија на италијанското радио Радио Каподистрија, Ларис Гајсер, соработникот на италијанскиот весник „Ла Верита“ рече дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив.

Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив – вели Гајсер.

Тој посочи дека се разоткри системска корупција, како политичка така и судска.

Се стравуваше дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме – додава новинарот.

Тој коментира дека политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е готова. Според него Заев повеќе нема меѓународен кредибилитет.

Заев се лизна на истата кора од банана како Груевски, рече Гајсер.

Гајсер во разговорот за Радио Каподистрија навести дека ќе дојде до промена на премиерот.