Гувернерот на Луганската област, Серхиј Гајдај, денеска изјави дека руските сили во моментов го контролираат поголемиот дел од Северодоњецк, град во источна Украина, но дека градот не успеале да го опколат.
Британските медиуми го цитираат Гајдај во изјавата дека испораката на хуманитарна помош и евакуацијата на луѓето во моментов е невозможна поради руското гранатирање на градот.
Во воздушен напад на руските сили погоден е и резервоар со азотна киселина, по што Гајдај на Телеграм апелираше до локалното население да не ги напушта засолништата поради опасност од отровни испарувања од резервоарот.