Гатузо е прв фаворит

80

Се погласни се шпекулациите дека контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, сака да стави крај на соработката со трофејниот стручњак, Карло Анчелоти.

Популарните „азури“ играат очајно во актуелната сезона и според АДЛ вината за таквата ситуација мора да се побара во тренерот кој немал никаква контрола врз играчите. Доколку биде прекината соработката со Анчелоти, тренерското столче ќе му биде понудено на поранешниот фудбалер и тренер на Милан, Џенаро Гатузо.