Гази на 14 години и има договор од 10 мил. долари

53
DORTMUND, GERMANY - JUNE 10: Youssoufa Moukoko of Dortmund (L) kicks the 2:0 goal against K. Bukusu of Leverkusen during the U17 - B Juniors match between Borussia Dortmund U17 and Bayer Leverkusen U17 on June 10, 2018 in Dortmund, Germany. (Photo by Mika Volkmann/Bongarts/Getty Images)

Јусуфа Моукоко е еден од најдобрите млади играчи во фудбалскиот свет иако има само 14 години и игра за младинскиот тим на германскиот гигант Борусија од Дортмунд. Во сезоната 2017/2018 за тимот до 17 години одигра 40 натпревари на кои постигна 28 погодоци.

Со фантастичните игри продолжи и во новата сезона, а пред два дена дебитираше за тимот до 19 години и веќе на првиот натпревар постигна шест погодоци. Борусија од Дортмунд го победи Вуперталерс со убедливи 9:2, а 14-годишниот Моукоко постигна шест погодоци иако поголемиот дел од играчите на тој натпревар беа постари од него најмалку пет години.

Најверните фанови на „жолто-црните“ се надеваат дека Моукоко за брзо време ќе дебитира во германската Бундес лига, но според правилата, големиот талент може да потпише професионален договор откако ќе наполни 16 години. Сепак, Моукоко веќе сега има договор кој вреди 10 мил. долари. Тој договор не го доби од Борусија, туку го доби од американскиот гигант за спортска опрема Најк кој процени дека Моукоко за некој година ќе биде најдобар фудбалер во светот.

И да не ги исполни очекувањата, таквата парична сума е смешна за еден гигант каков што е Најк. Фудбалските стручњаци се убедени дека Моукоко веднаш ќе добие професионален договор штом го прослави 16. роденден и на тој начин Борусија ќе се осигура дека големиот талент нема да замине во некој друг клуб.