Габриел: Пропаѓањето на иранскиот нуклеарен договор може да предизвика воен судир

5
epa06052623 German Foreign Minister Sigmar Gabriel during a joint press statement with Foreign Minister of Iran Mohammad Javad Zarif (not seen) at the Foreign Ministry in Berlin, Germany, 27 June 2017. Gabriel and Zarif met for bilateral talks. EPA/CLEMENS BILAN

Повлекувањето на претседателот на САД, Доналд Трамп од нуклеарниот договор со Иран би можело да предизвика воен судир и да ја влоши кризата со Северна Кореја, предупреди денеска министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел на самитот на мали и средни претпријатија во Луксембург.

– Како Европејци, многу сме загрижени од тоа што одлуката на претседателот на САД би можела да не врати назад во воен судир со Иран, рече Габриел.

Тој најави дека ќе разговара со своите колеги од ЕУ во врска со тоа како да се спаси нуклеарниот договор од 2015 година, кој, покрај Иран, го потпишаа и Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Кина и ЕУ.