Габигол опција за нападот

67

Лондонскиот премиерлигаш Кристал Палас доби сериозна конкуренција во германскиот бундеслигаш Шалке, кога е во прашање потписот на најдобриот фудбалер во дресот на бразилскиот гигант Фламенго, Габриел Барбоса – Габигол.

Младиот напаѓач е во сопственост на италијанскиот калчогигант Интер и треба да се врати во Милано на почетокот од декември. Предводникот на „нероазурите“, Антонио Конте, се нема одлучено дали ќе му даде шанса на Габигол во Серија А или пак ќе дозволи нова позајмица на повремениот репрезентативец на Бразил.