Вo „Св. Софија“: Пијано трио „Пендерецки“ на Охридско лето

67

Во Црквата „Св. Софија“, во рамките на Охридско лето, утревечер (17 јули), со почеток од 21 часот ќе настапи пијано триото „Пендерецки“, во состав Конрад Сколарски на пијано, Јарослав Наджицки, на виолина и Карол Марјановски, на виолончело.

„Клавирското трио ‘Пендерецки’ е креирано од страна на тројца од најдобрите и најзначајни полски музичари на денешницата. Долги години тие биле неразделни со легендарниот композитор Кшиштоф Пендерецки и со неговиот огромен творечки опус. Секој од членовите на ова трио има независна кариера во нивната родна земја и во странство. Тие се лауреати на бројни интернационални натпревари, и имаат концертни настапи во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија. Триото има голема чест да го носи името на нивниот ментор, Кшиштоф Пендерецки, еден од најзначајните живи полски композитори кој со своите дела и уметничка личност остава огромен белег врз културниот живот во Полска во минатиот, но и во овој век“, соопштуваат од Охридско лето.