ВEШТ ИЗМАМНИК ВО КИНА: Со помош на вештачка интелигенција убедил претприемач да му плати 570.000 евра

288

Крадец во Кина користел вештачка интелигенција за да го промени својот изглед и да се претстави како пријател на претприемач од кој извлекол повеќе од половина милион евра.

Жртвата, познат само по презимето Гуо, изјави дека во април добил видео повик од човек кој со ликот и гласот неверојатно многу личел на негов пријател.

Но, лицето со кое разговарал е измамник „кој користел технологија за вештачка интелигенција за да го промени својот изглед“, се вели во написот објавен во понеделникот во локалниот весник во Фужоу, источна Кина.

Крадецот го уверувал дека на неговиот пријател итно му требаат пари за да ја плати гаранцијата за јавниот тендер. Така успеал да го убеди Гуо да му плати 570.000 евра на  банкарската сметка на неговата компанија.

„За време на видеоповикот бев сигурен дека тоа е лицето и гласот на личност која ја познавам и не се посомневав во ништо“, вели претприемачот.

По уплатата, Гуо испратил СМС на пријателот чиј идентитет го украл измамникот.

Кога ја видел реакцијата на својот пријател, кој очигледно не знаел за трансакцијата, претприемачот сфатил дека е измамен и повикал полиција.

Полицијата и наредила на банката да не ги исплати парите и на Гу му биле вратени 450.000 евра, пишува весникот. Сепак, измамникот не е пронајден, објави „Индекс“.

Употребата на вештачка интелигенција за злоупотреба е се повеќе под лупа ширум светот, особено откако американската компанија „OpenAI“ во ноември лансираше ChatGPT, робот со кој може да се разговара и да го имитира човечкиот глас.