Една деценија „На точак“

313

Неформалната група скопски велосипедисти „На точак“, в сабота на Градски плоштад ќе го прослави десетиот роденден. На 90-тата Критична маса тие ќе ги поздрават позитивните промени кои му се случија на велосипедско Скопје изминатава деценија и ќе повикаат да се продолжи кон унапредување на велосипедскиот сообраќај.

– Во оваа деценија меѓудругото, работевме на промоција на велосипедот како секојдневно превозно средство, потсетуваме на една акција чија цел беше да укаже дека освен автомобил, за движење низ Скопје, постои и друг избор. Пораките беа следни: Не си заглавен во сообраќај. Ти си сообраќај! Избери точак. Одглави се! Не си заглавен во сообраќајот, туку во својот избор! – велат од „На точак“

Тие велат дека се свесни оти Скопје има уште многу работа за да се нарече себе си Велоград.

(А.П.)