В сабота шалтерите за наплата во дирекцијата нема да работат

153

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во пресрет на новогодишните празници ги известува корисниците дека в сабота, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието и наплатниот пункт во Сарај нема да работат.

Од претпријатието велат дека продолжуваат да работат во служба на граѓаните на град Скопје.

Согласно потребите, граѓаните можат да се јават на телефоноѕ  02/3073 010, и на електронска пошта: kontakt@vodovod-skopje.com.mk, https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/.

Граѓаните можат да се информираат и на: www.vodovod-skopje.com.mk и да пристапат до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и iOS.  

Од ЈП „Водовод и канализации поскавуваат среќни новогодишни и божиќни празници.