В сабота и недела ќе се прска против џамбо комарци

64

В сабота и недела ќе се прска против комарци. Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира во деновите за викендов во раните утрински часови.

– Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне од понеделник и ќе заврши најдоцна до петок во период од 21 до 3 часот, наредниот ден. Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 19.08.2020 (среда), во текот на денот – информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.